Пакетот број 1 на "Руен ИТ" во стечај кој беше продаден на аукција, а го купи конзорциумот Кинг инокс и Офис експрес" од Кочани во вредност од 1,5 милион евра, ќе почне со работа од 1 јуни оваа година. Ќе почнеме со давање услуги во одделот за репарирање квачила, термичка обработка на делови и во ковачница, а потоа со 120 вработени ќе го стартуваме производството на делови/ спојки за автомобилската индустрија во светот. Во реконструкцијата на машинскиот парк и обновата на инфраструктурата компанијата Кинг инокс аутомобилее ќе инвестира 350.000 евра сопствени средства со што ќе се произведуваат спојки и други делови за автомобилската индустрија од инокс, истакна на денешната прес-конференција Славе Јорданов, директор на компанијата.
Пакетот број 1 на "Руен ИТ" во стечај кој беше продаден на аукција, а го купи конзорциумот Кинг инокс и Офис експрес" од Кочани во вредност од 1,5 милион евра, ќе почне со работа од 1 јуни оваа година.
- Ќе почнеме со давање услуги во одделот за репарирање квачила, термичка обработка на делови и во ковачница, а потоа со 120 вработени ќе го стартуваме производството на делови/ спојки за автомобилската индустрија во светот. Во реконструкцијата на машинскиот парк и обновата на инфраструктурата компанијата Кинг инокс аутомобилее ќе инвестира 350.000 евра сопствени средства со што ќе се произведуваат спојки и други делови за автомобилската индустрија од инокс, истакна на денешната прес-конференција Славе Јорданов, директор на компанијата.
За почеток "Руен инокс аутомобиле" ќе го вработи целиот стручен кадар од поранешната индустрија Руен" со цел да се раздвижи производството. Планира освојување на пазарите и вработување нови млади стручни кадри.
Фабриката за автомобилски делови Руен" од Кочани е првата компанија во стечај чиј имот се продаде на електронска аукција.
Во иднина имотот на фирмите за кои се води стечајна постапка ќе се продава само преку електронска аукција за да се постигне поголема транспарентност и побрзо затворање на стечаите. На тој начин ќе се зголеми процентот на подмирување на доверителите во однос на претходниот период кога постапките траеја долго, некогаш немаше рокови до кога треба да се продаде имотот, а често пати за еден имот имаше и по 10-15 огласи за продажба со иста почетна цена.